• среда, 27 ноември 2024

Иран предупреди на можноста ситуацијата да експлодира неконтролирано на Блискиот Исток

Иран предупреди на можноста ситуацијата да експлодира неконтролирано на Блискиот Исток

Техеран, 9 декември 2023 (МИА) - Иран денеска предупреди за „можноста“ ситуацијата „неконтролирано да експлодира“ на Блискиот исток доколку Соединетите Американски Држави (САД) продолжат да го поддржуваат Израел во војната против Хамас во Газа.

-Се додека Америка ги поддржува злосторствата на ционистичкиот режим и продолжувањето на војната, постои можност ситуацијата да експлодира неконтролирано во регионот, рече министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан во телефонски разговор со секретарот на Обединетите нации, генерал Антонио Гутереш, соопшти иранското министерство.

САД синоќа ставија вето на предлогот за резолуција на Советот за безбедност, кој беше поддржан од огромно мнозинство членови на тоа тело, а кој повикува на итен, хуманитарен прекин на огнот во Појасот Газа.

Од 15 членки, 13 гласаа за резолуцијата, Велика Британија беше воздржана, а само САД беа против. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан