Иран повторно демантира дека испраќал балистички ракети во Русија
- - Јасно кажав и повторувам: не сме испратиле балистички ракети во Русија. Ако на Европа ѝ треба нешто за да ја смири израелската уцена, подобро е да најде друга приказна, нагласи Аракчи.

Техеран, 14 октомври 2024 (МИА) - Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи ги демантираше наводите дека Иран испраќал балистички ракети во Русија за користење во војната во Украина.
- Јасно кажав и повторувам: не сме испратиле балистички ракети во Русија. Ако на Европа ѝ треба нешто за да ја смири израелската уцена, подобро е да најде друга приказна, нагласи Аракчи. ссм/
фото: архива