Иран нападна бази на милитанти во Пакистан
- Иран вечерва соопшти дека ги нападнал базите на милитантната група Џаиш ал Адл во Пакистан.

Техеран, 16 јануари 2024 (МИА) - Иран вечерва соопшти дека ги нападнал базите на милитантната група Џаиш ал Адл во Пакистан.
Државната новинска агенција ИРНА објави дека во нападот биле користени ракети и беспилотни летала.
Пакистан сè уште не се огласил.
Џаиш ал-Адл е сунитска милитантна група која дејствува главно во Пакистан. ссм/
фото: архива