• петок, 27 декември 2024

Иран и Хезболах ги осудуваат воздушните напади на САД и Велика Британија врз Јемен

Иран и Хезболах ги осудуваат воздушните напади на САД и Велика Британија врз Јемен

Техеран, 12 јануари 2024 (МИА) - Иранското Министерство за надворешни работи ги осуди нападите врз Јемен како „очигледно кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Јемен“ и кршење на меѓународните закони.

„Нападите нема да имаат друг резултат освен поттикнување на несигурноста и нестабилноста во регионот“, рече портпаролот на Министерството, Насер Канани.

Либанската вооружена група Хезболах, поддржана од Иран, исто така ги осуди нападите врз Јемен. паг/

Фото: МИА архива


 

 

 

Остани поврзан