• среда, 21 јануари 2026

Иран затвори 40.000 терминали на Старлинк за да спречи пристап до интернет

Иран затвори 40.000 терминали на Старлинк за да спречи пристап до интернет

Техеран, 20 јануари 2026 (МИА) - Иранските безбедносни власти затворија 40.000 терминали на Старлинк што овозможува сателитски пристап до интернет, објави денеска државната телевизија.

ДПА пренесува дека засега е нејасно дали уредите се конфискувани или деактивирани, бидејќи информациите не можат независно да бидат потврдат.

Иранските власти, додава германската агенција, со денови ги опишуваа најновите масовни протести против нејзините авторитарни политики како постапки диригирани директно од странство и сега со ова, се чини, дека делумно го обвинија Старлинк.

Иранското раководство ги обвини своите заколнати непријатели Израел и САД за „терористички активности“.

Старлинк е мрежа од илјадници сателити и на корисниците им е потребна посебна антена со функција на рутер за да се поврзат на интернет.

Системот е забранет во Иран, но, според проценките на безбедносните власти, се верува дека околу 50.000 терминали влегле во земјата преку шверцерски канали, пренесува ДПА.

Корисниците во Иран се соочуваат со повеќегодишни затворски казни за користењето на овие уреди. сд/

фото:

Остани поврзан