• четврток, 02 април 2026

Иран е претпазлив во врска со разговорите со САД за завршување на војната

Иран е претпазлив во врска со разговорите со САД за завршување на војната

Техеран, 1 април 2026 (МИА) - Иран сè уште не донел одлука за преговорите со САД - изјави министерот за надворешни работи, Абас Арагчи.

Арагчи вчера изјави дека неговата земја има резерви. „Немаме никаква верба дека преговорите со САД ќе дадат некаков резултат. Нивото на доверба е на нула“, рече високиот дипломат додавајќи: „Не гледаме искреност“.

Иран исто така би прифатил само целосен прекин на непријателствата во регионот, а не прекин на огнот ограничен само на Иран, рече Арагчи. Со ова тој мислеше и на напади врз групи сојузнички со Иран, како што е либанската милиција Хезболах.

Министерот за надворешни работи исто така првпат зборуваше за комуникацијата со американската влада. Тој рече дека е во контакт со специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф. Пораките се пренесуваа или примаа преку Министерството за надворешни работи на Иран.

„Добивам пораки од Виткоф директно, како и претходно, и тоа не значи дека сме во преговори“, изјави тој за „Ал џезира“.

Според Арагчи, раководството во Техеран ниту одговорило на 15-те американски предлози ниту формулирало свои предлози или услови.

САД и Израел го напаѓаат Иран од 28 февруари, а Иран спроведува одмазднички напади врз Израел и земјите во регионот, кои имаат американско воено присуство. мс/јт/

фото: ДПА

Остани поврзан