• понеделник, 23 декември 2024

Иран е подготвен да преговара за повторно активирање на договорот од Виена

Иран е подготвен да преговара за повторно активирање на договорот од Виена
Техеран, 31 јули 2022 (МИА) – Главниот ирански нуклеарен преговарач Али Багери Кани денеска изјави дека Иран сака преговорите за повторно активирање на нуклеарниот договор од 2015 година меѓу Техеран и големите светски сили да завршат што е можно поскоро. - Ги предложивме нашите идеи за да го отвориме патот за брзо завршување на преговорите во Виена. Од наша страна, ние сме подготвени да ги завршиме преговорите за краток временски период, доколку и другата страна е подготвена да го стори истото, напиша Кани на Твитер. Кани ова го соопшти коментирајќи го предлогот за повторно активирање на договорот што во вторникот го изнесе високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за заедничка надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел. Борел тогаш соопшти дека предложил нов нацрт документ за заживување на иранскиот нуклеарен договор и додаде дека нема простор за големи компромиси. јт/

Остани поврзан