• среда, 25 декември 2024

Иранското правосудство вети решително постапување со демонстрантите

Иранското правосудство вети решително постапување со демонстрантите
Техеран, 8 ноември 2022 (МИА) - Иранските судови решително ќе постапуваат со секој кој ќе предизвика немири или ќе изврши злосторства за време на бранот антивладини протести, соопшти денеска иранското правосудство. Протестите во Иран продолжуваат и покрај смртоносната репресија и строгите предупредувања од страна на силите за безбедност. Повеќе од 1.000 лица се обвинети поради немирите. - Сега јавноста, па и демонстрантите кои не поддржуваат нереди, бараат од правосудството и безбедносните институции да се позанимаваат со неколкуте луѓе кои предизвикаа немири, на одлучен, одвраќачки и законски начин, изјави портпаролот на правосудството Масуд Сетајеши. Антивладините протести во државата избија во септември по смртта на младата Махса Амини, приведена од моралната полиција поради тоа што, наводно, не го носела хиџабот правилно. Активистичката новинска агенција ХРАНА објави дека во немирите до саботата убиени се 318 демонстранти, меѓу кои и 49 малолетници. Убиени се и 38 припадници на безбедносните сили. Иранските лидери ги обвинија непријателите, вклучувајќи ги и САД, за поттикнување на немирите. Луѓе од сите општествени слоеви се придружија на протестите низ Иран, а студентки и други женски лица мавтаат со шамиите и ги палат. бд/сд/

Остани поврзан