• понеделник, 23 декември 2024

Ирански потпретседател: Светот очекува администрацијата на Трамп да ги запре војните во Газа и Либан

Ирански потпретседател: Светот очекува администрацијата на Трамп да ги запре војните во Газа и Либан

Ријад, 11 ноември 2024 (МИА) - Иранскиот прв потпретседател Мухамед Реза Ареф денеска изјави дека светот очекува претстојната американска влада на Доналд Трамп веднаш да ги запре израелските војни во Газа и Либан.

„Американската влада е главниот поддржувач на акциите на ционистичкиот режим (Израел) и светот го чека ветувањето на новата влада на таа земја веднаш да ги прекине војните против невиниот народ на Газа и Либан“, рече Ареф. на заедничкиот самит на Арапската лига и Организацијата за исламска соработка во Саудиска Арабија.

Тој, исто така, ги осуди неодамнешните израелски убиства на лидерите на палестинскиот Хамас и либанскиот Хезболах, нарекувајќи ги организиран тероризам. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан