• недела, 21 јули 2024

Ирански генерал тврди дека има над 400 километри тунели под северниот дел на Газа

Ирански генерал тврди дека има над 400 километри тунели под северниот дел на Газа

Техеран, 31 октомври 2023 (МИА) - Началникот на Генералштабот на иранската армија изјави дека има над 400 километри тунели под северниот дел на Појасот Газа.

„Низ некои од нив можат да минат возила и мотоцикли, соопшти генерал-мајор Мохамад Багери на конференцијата за цивилна одбрана во Техеран.

- Некои од тунелите имаат влез во Израел, соопшти началникот.

Багери тврди дека причината зошто израелската армија чекала да изврши целосна копнена инвазија во Газа е затоа што знае дека таквата операција ќе значи „уште еден пораз“. ссм/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан