• понеделник, 18 ноември 2024

Иранските хакери објавија податоци за албанскиот прв полицаец и вториот разузнавач, но објавија и нова закана 

Иранските хакери објавија податоци за албанскиот прв полицаец и вториот разузнавач, но објавија и нова закана 
Тирана, 21 ноември 2022 (МИА) - Ирански хакери од групата „Татковинска правда" продолжуваат со објавување на податоци преземени од кибер-нападите на албанските владини системи.
 Овој пат објавија податоци за генералниот директор на полицијата Мухамед Румбулаку и за заменик директорот на албанската тајна служба, ШИШ, Олијан Кануши.
 Во објавата на хакерите, во која се лични податоци за двајцата, нивни фотографии и телефонски броеви, е- пошта, податоци за патувања, хакерите и со заканувачка порака до Албанија.
 - Ние сме многу блиску до вас. Наместо да менувате функционери на корумпирана влада, размислете како да ја реформирате корумпираната структура. Секое движење и интервју на лидерите на МЕК во Албанија и другите земји ќе има големи последици за албанските граѓани, пишуваат хакерите, јавија албанските медиуми.
Претходно силите на Иранската револуционерна гарда и се заканија на Албанија со напади со беспилотни летала и ракети, наведувајќи  дека „имаат се под контрола и може да гаѓаат кога ќе посакаат“.
Покрај другото хакерите објавија податоци и за претходниот генерален директор на полицијата Гледис Нано, како и за актуелниот прв разузнавач Хелидон Бендо.
Нападите на иранските хакери во албанската кибернетичка мрежа и постојаното објавување мејлови и документи на високи функционери, донесе директна закана по националната безбедност, поради што владата одлучи да ги модернизира серверите на албанскиот систем за што ќе потроши 2,8 милиони евра. вт/зш/

Остани поврзан