• четврток, 25 јули 2024

Ин мемориам: Почина проф. д-р Кики Мангова Поњавиќ

Ин мемориам: Почина проф. д-р Кики Мангова Поњавиќ

Скопје, 16 јули 2024 (МИА) - На 84-годишна возраст денеска почина Кики Мангова Поњавиќ (1940 – 2024), редовен професор во пензија на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје на Катедрата за финансово право и финансии.

-Со нејзината смрт загубивме драга и почитувана колешка, која беше извонреден предавач, одличен педагог, посветен наставник и истражувач и особено ценет експерт во областа на науката во која делуваше. Зад себе остави бројни генерации професори, соработници и студенти кои вечно ќе ја паметат.
Ќе остане запаметена како доајен од областа на финансовото право и финансиите, пишува во објавата  од вработените на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Посмртните останки на проф. д-р Кики Мангова Поњавиќ ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Бутел на 17 јули 2024 година (среда) од 10 до 11 часот. дма/са/

Фото:  Правен факултет „Јустинијан Први“ - Скопје 

Остани поврзан