• среда, 25 декември 2024

Инцко: Одлуката на Уставниот суд на БиХ ќе биде спроведена, а РС не може да се отцепи

Инцко: Одлуката на Уставниот суд на БиХ ќе биде спроведена, а РС не може да се отцепи
Сараево, 19 февруари 2020 (МИА) - Одлуката на Уставен суд на Босна и Херцеговина за статусот на земјоделско земјиште како државно ќе биде спроведена, а ентитетот на Република Српска нема да може да се отцепи, изјави високиот претставник на меѓународната заедница за БиХ, Валентин Инцко. - Државен имот секаде постои и сега поради еден дел на таа одлука за земјоделското земјиште се креваат тензии. Можеби сето тоа служи и за други цели, иако е несомнено дека РС е дел од државата БиХ, посочи Инцко додавајќи дека одредени лица во БиХ ги мешаат термините територија и државен имот. Тој ги отфрли тврдењата на Бања Лука дека одлуките на Уставниот суд на БиХ главно се насочени против РС и потсети дека 99 проценти од одлуките на Судот се донесени едногласно. Уставниот суд на БиХ пресуди дека земјоделско земјиште што има статус на јавно добро не може да биде во сопственост на ентитетот, туку исклучиво на државата. ми/

Остани поврзан