• среда, 25 декември 2024

Инцко најави санкции за Додик поради глорифицирање на воените злосторства

Инцко најави санкции за Додик поради глорифицирање на воените злосторства
Сараево, 6 ноември 2020 (МИА) - Високиот претставник на меѓународната заедница за Босна и Херцеговина, Валентин Инцко ќе побара од Европска Унија да му забрани влез во ЕУ на членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик ако продолжи да ги глорифицира военитре злосторства. Инцко во интервју за Ал Џезира истакна дека не може да се толерира праксата на неказнивост на глорификацијата на воените злосторства. Тој го посочи случајот кога Додик присуствуваше на откривање на табла со името на воениот злосторник, осуден на доживотен затвор, Радован Караџиќ на студенски дом. - Ако таблата не биде отстранета до мај 2021 година... јас ќе побара Додик да не може да патува во земјите на ЕУ. Јас, секако, во тоа не сум сам. Пред неколку дена и германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас изјави дека нема место во ЕУ за тие што ги глорифицираат воените злосторства, посочи Инцко. ми/

Остани поврзан