• петок, 27 декември 2024

Инциденти и приведени во Атина на протестот за поддршка на Куфодинас

Инциденти и приведени во Атина на протестот за поддршка на Куфодинас
Атина, 6 март 2021 (МИА) – Со мали инциденти и со приведени заврши денешниот протест, во рамките на секојдневните собири за поддршка на барањата на осудениот лидер на терористичката организација „17 ноември“ Димитрис Куфодинас, јави дописничката на МИА од Атина. Инцидентите се случија кога полицијата се обиде да ги спречи демонстрантите да стигнат до централниот плоштад Синтагма и употреби солзавец и топови со вода. Приведени се повеќе лица, меѓу кои и синот на Куфодинас. Лидерот на „17 Ноември“, осуден на 11 доживотни затворски казни од 8 јануари штрајкува со глад, веќе две седмици одбива да прима течности, а од вчера е во критична состојба. ср/сд/

Остани поврзан