• вторник, 10 март 2026

Информативна средба во Прилеп за примена на Законот за работно ангажирање лица

Информативна средба во Прилеп за примена на Законот за работно ангажирање лица

Прилеп, 10 март 2026 (МИА) - Во Општина Прилеп денеска ќе се одржи информативна средба насловена „Фер ангажман“, посветена на примената на Законот за работно ангажирање на лица.

Целта на средбата е јасно и практично информирање за можностите и придобивките што ги нуди Законот, како за работниците, така и за работодавачите.

На средбата ќе присуствуваат претставници на угостителскиот сектор, земјоделци и стопанственици од Прилеп и регионот, а пред присутните ќе се обрати заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески. ев/хс/ 

ФОТО: Министерство за економија 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан