• среда, 27 ноември 2024

Информативен настан на СЕП и Амбасадата на Словенија за повикот за кофинансирање на развојни проекти

Информативен настан на СЕП и Амбасадата на Словенија за повикот за кофинансирање на развојни проекти
Скопје, 18 јули 2022 (МИА) - Секретаријатот за европски прашања и Амбасадата на Словенија денеска во Клубот на пратеници организираат информативен настан за отворениот повик за кофинансирање на развојни проекти во рамки на билатералната развојна соработка, објавен од Центарот за меѓународна соработка и развој на Словенија. Воведни обраќања  се најавени од државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања, Дрита Абдиу Халили, раководителот за развојна соработка и хуманитарна помош во словенечкото Министерство за надворешни работи, Роберт Кокаљ и амбасадорот на Словенија, Милан Предан. На настанот ќе присуствува и директорката на Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија, Мојца Копшe која ќе ги презентира критериумите, условите и постапката на аплицирање. бак/мд/

Остани поврзан