• сабота, 23 ноември 2024

Инфантино за Светското првенство на секои две години: Предностите се очигледни

Инфантино за Светското првенство на секои две години: Предностите се очигледни
Цирих, 19 октомври 2021 (МИА) - Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, зборуваше за фреквенцијата на Светските првенства. - Ја анализираме можноста Светското првенство да се одржува на секои две години, оценувајќи дали тоа ќе има позитивен ефект врз фудбалот. Имаме предлози за кои спроведуваме внатрешни консултации. Некои се за, а некои се против. Предностите од одржувањето на Светското првенство на секои две години ми се чинат очигледни. Повеќе натпревари од највисоко ниво, повеќе шанси да се донесе надеж и забава на светот. Кога беше одлучено Светското првенство да се одржува на секои четири години, имаше само 40 репрезентации. Сега има 211 од нив. Се зборува за одржување на Светското првенство во пет земји истовремено, и ако претпоставиме дека еднаш годишно ќе има или машко или женско првенство, тогаш за 20 години навивачите ќе можат да посетат 100 земји, рече Инфантино. Сепак, идејата за Светско првенство на секои две години, не беше добро прифатена кај фудбалерите и тренерите кои се жалат на густиот натпреварувачки календар. зс/

Остани поврзан