• среда, 27 ноември 2024

Интер ќе го продолжи договорот со Јанг за една година

Интер ќе го продолжи договорот со Јанг за една година
Милано, 22 април 2020 (МИА) - Дефанзивецот на Интер, Ешли Јанг може да го продолжи договорот со клубот. Според „Гардијан“, Интер ќе ја активира опцијата за обновување на договорот за една година со 34-годишниот Англичанец. Беше објавено дека оваа недела италијанскиот клуб даде предлог до Јанг да го продолжи договорот, а фудбалерот е подготвен да потпише нов договор. Забележано е дека настапот на Јанг го импресионираше тренерот на „нероазурите“ Антонио Конте. Јанг се пресели во Интер од Манчестер јунајтед оваа зима. Настапи на пет натпревари во Серија А за италијанскиот клуб, постигна еден гол и оствари една асистенција. зс/

Остани поврзан