• сабота, 23 ноември 2024

Интер почна прибирање финансиски средства за борба против коронавирусот

Интер почна прибирање финансиски средства за борба против коронавирусот
Милано, 14 март 2020 (МИА) – Италијанскиот фудбалски прволигаш Интер преку Фејсбук започна кампања за собирање пари за борба против коронавирусот. Собраните средства ќе бидат префрлени на Одделот за биомедицински и клинички науки на болницата Луиџи Сако во Милано. Целта на акцијата е да се соберат доволно средства за финансирање на истражувачки активности во болница во Милано, која развива вакцина против коронавирус. Играчите и вработените во клубот донираа 500 илјади евра, а вкупно за само еден ден се собрани повеќе од 2,8 милиони евра. зс/

Остани поврзан