Интер подготвува бонуси за освојување на Скудетото и тројната круна
- Челниците на Интер одредиле бонуси за тренерот и играчите доколку го освојат Скудетото или дури и тројната круна сезонава.

Милано, 26 март 2025 (МИА) - Челниците на Интер одредиле бонуси за тренерот и играчите доколку го освојат Скудетото или дури и тројната круна сезонава.
Интер е единствениот италијански клуб кој се уште игра на три фронта. Тие се лидери на табелата во Серија „А“ пред второпласираниот Наполи, се пласираа во полуфиналето на Купот на Италија и се во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
За дополнително мотивирање на тренерот и играчите, челниците на „нероазурите“ ветија бонуси. „Газета дело Спорт“ пишува дека договорот на тренерот Симоне Инзаги вклучува бонус од еден милион евра доколку Интер ја освои титулата на Италија за сезоната 2024/2025.
Минатото лето Инзаги потпиша договор до 2026 година вреден 6,5 милиони евра, а моментално се водат преговори за продолжување на соработката до 2028. Претседателот на Интер, Бепе Марота неодамна изјави дека договорот за продолжување на договорот на Инзаги е „само формалност“.
Сепак, Инзаги нема да биде единствениот кој ќе добие бонус доколку Интер освои трофеи оваа сезона. Тимот ќе подели 6 милиони евра доколку ја освои тројната круна. дс
Фото: Архива