• четврток, 13 ноември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Интер негира заминување на Зомер во Галатасарај

Интер негира заминување на Зомер во Галатасарај

Милано, 19 јули 2025 (МИА) - Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аузилио, ги негираше гласините дека голманот Јан Зомер би можел да се пресели во Галатасарај.

- Јан Зомер не беше блиску до преминување во Галатасарај. Ништо конкретно не се случи, тој е наш голман и очекувам да остане во Милано, го цитираше новинарот Фабрицио Романо Аузилио на социјалната мрежа X.

Триесет и шестгодишниот Швајцарец брани за Интер од 2023 година. Неговиот тековен договор е до 2026 година.

Во сезоната 2024/25, Зомер одигра 53 натпревари во сите натпреварувања и прими 55 гола, а 22 пати ја зачува мрежата чиста. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан