• понеделник, 23 декември 2024

Интерпол: Повеќе од 1.700 апсења во операција за борба против шверцот со оружје во Азија

Интерпол: Повеќе од 1.700 апсења во операција за борба против шверцот со оружје во Азија

Лион, 15 декември 2023 (МИА) - Меѓународната криминалистичка полиција, Интерпол, денеска соопшти дека во операција против трговијата со оружје во Азија, уапсени се повеќе од 1.700 лица, а запленети се неколку стотици парчиња огнено оружје и муниција.

Голем број апсења, повеќе од 600, се извршени во провинциите на границата меѓу Пакистан и Авганистан, се наведува во соопштението на Интерпол, со седиште во Лион.

Операцијата, во која учествуваа десет земји, овозможи да се откријат маршрутите по кои камиони од Авганистан пренесуваат огнено оружје и муниција до Пакистан, се наведува во соопштението.

Борбата против трговијата со оружје во Централна, Јужна и Источна Азија е „комплицирана поради големиот број софистицирани огнени оружја во оптек, порозните граници и регионалните конфликти“.

Интерпол оцени дека трговијата со оружје е профитабилен извор на приход за криминалците од секаков вид.

Во операцијата учествуваа Брунеи, Кина, Индонезија, Кореја, Киргистан, Монголија, Непал, Пакистан, Филипини и Сингапур. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан