• среда, 28 август 2024

Интересен податок за поразите на Реал и Барса

Интересен податок за поразите на Реал и Барса
Мадрид, 18 октомври 2020 (МИА) - Шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона претрпеа изненадувачки порази со 0:1 во саботата вечерта од Кадиз и Хетафе. Така, за прв пат по 20 сезони, двете водечки екипи на Шпанија губат истовремено во една рунда, без да постигнат гол. Последен пат тоа се случи во сезоната 2000/01, кога во 22-то коло од Ла Лига, „Лос Бланкос“ го загубија дербито со Атлетико Мадрид со 0:1, а Каталонците забележаа порази со 0:4 на гостувањето кај Расинг Сантандер.

Тагови

Остани поврзан