• четврток, 23 јануари 2025

Интерактивни дигитални табли за средните училишта во Град Скопје

Интерактивни дигитални табли за средните училишта во Град Скопје

Скопје, 20 декември 2024 (МИА) - Град Скопје набави најсовремени интерактивни дигитални табли за 23-те средни училишта во Градот во рамки на програмата „За модерно Скопје“, во која е предвидено унапредување и модернизација на образовните институции.

- Современите интерактивни дигитални табли имаат можност за безжично поврзување со повеќе уреди и шест микрофони способни да го преклопат секој амбиентален шум. Тaблите имаат вклучена камера со ултра широк агол од 120 степени, а квалитетот на сликата 4K Ultra HD обезбедува совршена боја и детали. Екранот на допир од термички обработено калено стакло спречува оштетување на панелите, а оптичката технологија овозможува јасен и видлив екран од секој агол што е важно за учениците во образовниот процес, велат од Град Скопје. вј/бак/

Фото: Град Скопје

 

Остани поврзан