Интензивно се спроведува санацијата на тоалети во „Битолски конгрес“ во кумановското село Лопате
- Интензивно се спроведува реконструкцијата на санитарните јазли во основното училиште „Битолски конгрес“ во кумановското село Лопате, соопштија денеска надлежните од училиштето.

Куманово, 2 март 2022 (МИА) - Интензивно се спроведува реконструкцијата на санитарните јазли во основното училиште „Битолски конгрес“ во кумановското село Лопате, соопштија денеска надлежните од училиштето.
Општина Куманово одвои 754.846 денари за санација на тоалетите, а на јавниот оглас избрана е компанијата „БФ-АДИС“ од село Отља, липковско. Надлежните од училиштето очекуваат санацијата да се спроведе согласно предвидениот рок.
