• среда, 25 декември 2024

Интензивно се реконструира објектот на Центарот за вработување Куманово

Интензивно се реконструира објектот на Центарот за вработување Куманово

Куманово, 18 јануари 2021 (МИА) - Интензивно се  реконструира зградата на Центарот за вработување Куманово, соопштија денеска надлежните од установата. Во моментов се сменети прозорците од едната страна на зградата, која според надлежните ќе се модернизира  целосно и ќе обезбеди соодветни услови за пружање на поефикасни и побрзи услуги кон невработените лица и работодавците

-И покрај, реконструкцијата непречено се одвива работата. Граѓаните можат во секој момент да дојдат и да побараат  и да добијат соодветна услуга- изјави, раководителката на центарот, Марија Димитријевска.

Зградата каде е лоциран кумановскиот центар е дотраена и е изградена пред шест децении. Центарот за вработување Куманово ќе добие нова фасада, ќе биде сменета кровната конструкција, ќе биде заменета надворешната и внатрешната столарија, врати и прозорци, подови, ќе има нови санитарни јазли, обновена водоводна и канализациска мрежа, нов начин на затоплување.

Димитријевска посочи дека реконструкцијата на Центарот за вработување Куманово е прва реконструкција во рамки на ИПА проектот и за оваа реконструкција е предвидено да се одвојат 9.707.442,16 денари. ам/ки/

Остани поврзан