• петок, 27 декември 2024

Интензивно се гради третиот кружен тек во Куманово

Интензивно се гради третиот кружен тек во Куманово
Куманово, 27 мај 2022 (МИА) - Интензивно се спроведува изградбата на третиот кружен тек на локацијата Серава во Куманово. Претходно беше проширена улицата „Гоце Делчев“ која води кон крстосницата на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ и до улицата „Бајрам Шабани, информираа денеска надлежните од општината. Надлежните од општината сметаат дека кружниот тек ќе придонесе за растоварување на сообраќајниот метеж во центарот на Куманово. Ова ќе биде трет кружен тек во градот. На тендерот за изградба на овој кружен тек по претходно објавен оглас на општината се пријавиле две компании, избрана е кумановската „КООП ИНЖЕНЕРИНГ“. Општината од буџетот одвои 14 милиони 997 илјади 800 денари со вклучен ДДВ за реализација на проектот, стои во склучените договори на електронскиот систем на јавни набавки. Договорот е склучен на 23 март годинава. Во моментов, интензивно се гради втор кружен тек на локација кај Митев мост помеѓу двата булевари „Октомвриска револуција“ и „Трета МУБ“, за што од општинскиот буџет се одвоени над 35, 8 милиони денари, чија изградба се очекува да заврши до средината на летото. За првиот кружен тек, изграден пред две години Куманово одвои над 20 милиони денари.ам/фф/

Остани поврзан