• среда, 25 декември 2024

Интегра-македонска конзервативна партија започна кампања за вонредните избори за Совет на Општина Тетово

Интегра-македонска конзервативна партија започна кампања за вонредните избори за Совет на Општина Тетово
Тетово, 3 август 2022 (МИА) - Интегра-македонска конзервативна партија ја започна изборната кампања за вонредните избори за Совет на Општина Тетово со промоција на кандидатите за советници предовени од носителката на листата Снежана Жана Стојановска. Претседателот на Интегра, Љупчо Ристовски, порача дека Интегра со овие кандидати за советници ќе биде ново светло на градот Тетово. -Тетово и тетовци заслужуваат да го обоиме малку градот повеќе македонски, да ја воскреснеме надежта кај тетовци дека има политичка партија и луѓе интелектуалци кои стојат зад перспективите на градот, зад перспективите на нашите Македонци кои живеат тука. Ја очекуваме довербата на нашите Македонците да конечно во Советот на Општина Тетово имаме наши претставници кои ќе бидат тасот на вагата и нема повеќе да дозволат да не се вее македонското знаме и да се ништат спомениците на македонските борци кои ја донеле оваа слобода денес, изјави Љупчо Ристовски. Тој рече дека носителката Снежана Жана Стојановска е позната во градот со силна екипа која ќе биде маркер на нешто ново во Тетово. -Сега сме пред еден друг предизвик, а тоа се локалните избори за советници. Интегра-македонска конзервативна партија го заслужува вниманието од граѓаните заради нашите желбите и остварување на желбите како за сите на граѓаните така посебно за Македонците. Ако ние влеземе во Советот ќе се бориме за се она што луѓето го бараат од нас. Имаме неколку програмски определби. За овие четири години ќе се потрудиме да се направат такви институции каде што децата ќе бидат згрижени за логопеди и дефектолози, а родителите со соодветни образованија да си бидат на соодветни работни места. Ние не ветуваме ние реализираме. Ако корените на Вешта жена се од 1992 и раширена на 25 градови ние за Тетово ќе дадеме уште повеќе затоа што тука живееме, тука создаваме, изјави Снежана Жана Стојановска. Кандидатската советничка листа доби јавна поддршка од Велибор Јаќимовски, претседател на Здружението на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност“ Тетово и Гостивар. -Им ја прочитав програмата и во консултација со мојата популација со мое членство како непартиска и непрофитна организација, исклучиво се бориме за нашите права, инклузија, едукација, спуштени тротоари и рампи или едноставно кажано Конвенцијата што е ратификувана 2011 во Парламентот да се спроведе. Интегра за ова има осет и ние прочитавме дека таму негде се наоѓаме. Решивме да ја поддржиме Жана, затоа што многу пати досега кога сме организирале активности ни помагала и сме се дружеле, изјави Јаќимовски. Кандидатите за советници ќе одржуваат средби со граѓаните во наредните денови за промоција на програмските определби. ас/цр

Остани поврзан