• недела, 22 декември 2024

Институт за проучување на војна:Руските трупи напредуваат јужно од Покровск

Институт за проучување на војна:Руските трупи напредуваат јужно од Покровск

Вашингтон, 11 ноември 2024 (МИА) - Руските трупи напредувале во правец на Покровск, јужно од градот Покровск, соопшти американскиот Институт за проучување на војната (ISW), повикувајќи се на геолокациски податоци.

„Геолокациските снимки објавени на 9 ноември покажуваат дека руските сили неодамна напредувале јужно од Новоолексеевка (јужно од Покровск)“, наведува ISW во извештајот објавен на веб-страницата на организацијата.

Институтот забележува дека и покрај тврдењата на руските медиумски блогери за напредување на руските трупи југозападно од Новоолексеевка, југоисточно од Покровск во областите Лисовка, Петровка и Григоровка и јужно од Покровск, ISW не пронашол визуелна потврда за овие тврдења.

Руските трупи во саботата и неделата продолжиле со напади источно од Покровск во областите Промења и Мирољубовка, како и југоисточно од Покровск во областите Лисовка, Селидово, Григоровка и Петровка. „Руските трупи во неделата продолжиле со офанзивни операции долж линијата Купјанск-Сватов-Кремина, но не биле потврдени промени на фронталната линија“, се наведува во извештајот.

Се забележува дека руските трупи на 9 и 10 ноември продолжиле со офанзивни операции на правците Торецк и Северск, но не постигнале потврдени успеси, особено во областите Белогоровка (североисточно од Северск) и Верхнокамјанско (источно од Северск). ссм/

фото: гугл мапи

Остани поврзан