• вторник, 24 декември 2024

Инспекторите на терен за профитните маржи, денеска на ред малите маркети и бурекџилниците, од утре и трговците на големо

Инспекторите на терен за профитните маржи, денеска на ред малите маркети и бурекџилниците, од утре и трговците на големо

Скопје, 26 септември 2024 (МИА) – Повеќе од 120 инспектори на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) низ цела држава вршат проверка дали се почитува одлуката за ограничени профитни маржи за основните прехранбени производи. Поделени во повеќе од 40 тимови, ротирани во различни градови, инспекторите од вчера ги контролираат големите маркети на цела територија на државата, а како што најави директорот на ДПИ Горан Трајковски, од денеска ќе ги контролираат малите маркети и бурекџилниците, а од утре трговците на големо. Ќе проверат и дали во изминатиот период намерно биле покачени цените на производите.

Владата на вонредна седница на 20 септември ја ограничи бруто профитната маржа до 10 отсто за повеќе основни прехранбени производи во трговијата на големо и мало, меѓу кои леб, пекарски и млечни производи, млеко, месо и преработки од месо, дел од конзервните производи, овошје, зеленчук,... 

СООПШТЕНИЕ: Почитувани,  Замрзнати цени и намалени маржи е новата мерка на Владата со која се штити стандардот на граѓаните. На големо, маржата e ограничена на 5%, додека на мало до 10%.

-Нема да има толеранција за никого, нема да толерираме никаква примена на нечесни практики и секој кој ќе се огреши ќе биде казнет, порача вчера Трајковски и апелираше до трговците да ја почитуваат одлуката на Владата и да не се обидуваат на било каков начин да ја заобиколуваат.

Досега нема казнети маркети, а казните се високи и се движат од 2.000 до 10.000 евра, и доколку се утврди дека некој применува нечесни трговски практики согласно Законот за потрошувачи има можност и за затворање на објекти.

Маркетите кои се уште не ги означиле производите со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“, Трајковски ги оцени како несериозни, нагласувајќи дека инспекторите веќе прават контроли и ќе кажат „ дали поставиле или не и дали биле поставени делумно или целосно“.

-За мене тоа е несериозно. Вчера не се потрудиле маркетите да стават ознака на 20 до 30 отсто од производите. Во моментов инспекторите контролираат и тие ќе кажат. Насоката од ДПИ е да има јасно видлива ознака и да се прегледа дали се во рамките на ограничената бруто профитна маржа од 10 проценти сите производи кои се опфатени со одлуката, рече Трајковски.

We will not tolerate any application of unfair practices and any transgressions will be punished. The State Market Inspectorate is working across the territory of Macedonia with more than 40

Трајковски, прецизира дека одлуката на Владата се базира на ограничување на бруто профитна маржа на 10 проценти кај трговците на мало и на големо и посочи дека со неа се опфатени и бурекчилниците, но според Законот за трговија, член 3.

-Тоа значи дека доколку трговецот на мало претходно одел со бруто профитна маржа од шест проценти нема обврска да го намали дополнително производот зошто е во рамките до 10 проценти. Има трговци кои ги зголемиле над 10 проценти, но има и кои ги задржале цените. Затоа граѓаните може да видат дека одредени продукти се со иста цена од пред донесување на одлуката. Претходно се одеше со замрзнување на цени од датум од пред три месеци со намалување на цените за 10 проценти. Затоа тогаш граѓаните можеа да видат дека секој производ е намален, но сега има 10 до 20 проценти на производи кои не се намалени. Сепак, јасно мора да бидат означени со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“  за потрошувачот и граѓанинот точно да знае кој производ е опфатен со одлуката, појасни Трајковски.

Според портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, владината мерка за ограничување на маржите на мал дел прехранбени производи нема никаков ефект и не се одрази на намалување на цените.

 Гледаме дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не влегуваат на седници, не закажуваат седници на комисии  кои ги водат, односно не работат ништо во интерес на граѓаните.

-На терен, во маркетите и во разговор со граѓаните заклучокот е дека нема намалување на цените на најголем дел од основните производи. Само еден вид на леб на пример е намален за 1 денар. Кај месото има симболично намалување од само 10 денари по килограм, што е незначително, додека млечните производи, млекото, јогуртот и киселото млеко се со исти цени, порача Кузеска.

Закаснетата реакција на Владата и неефикасните мерки, нагласи Кузеска, немаат никаков реален ефект и граѓаните со право реагираат дека живеачката станува се поскапа.

Според заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, досега, нема казнети маркети бидејќи завчера бил првиот ден од спроведување на мерката.

Прашан како се спроведува мерката за ограничување на маржите и дали инспекторите се на терен, Ристески, рече дека од завчера, а и вчера инспекторите се поинтензивно на терен.

Prioritet i Qeverisë dhe i Minsitrisë së Ekonomisë dhe Punës është ruajtja e të rinjve në vend. Nga viti i ardhshëm prioritet i ynë do të jetë jo vetëm t'i ruajmë mendjet e reja këtu në shtet

- Вчера беше првиот дена откако почна практично да се применува мерката. Според информациите кои ги имаме има одредени маркети и други продажни места каде прехранбените производи се намалени онака како што треба со соодветни етикети, меѓутоа има и каде не се почитува мерката. Во иднина заклучно со 31 октомври сите субјекти каде што нема да се почитува мерката ќе бидат санкционирани од страна на Пазарната инспекција, рече Ристески и додаде дека казните се доста високи.

По донесувањето на одлуката за ограничување на профитните маржи на прехранбените продукти ДПИ е задолжен да ги контролира трговците на мало и на големо дали ја почитуваат одлуката што ја донесе Владата.

-Одлуката е соопштена во петокот, во Службен весник е излезена во понеделникот со важност од вторник. Со тоа трговците на големо и на мало имаа доволно време да ги прилагодат цените. ДПИ постапува по Законот за трговија каде казните се високи и се движат од 2.000 до 10.000 евра, а доколку се утврди дека некој применува нечесни трговски практики ќе постапуваме по Законот за потрошувачи по кој има можност за затворање на објекти. Сме затворале претходно секој што се обидел да примени нечесна трговска практика ќе затвораме и сега, потенцира Трајковски.

Владата со ограничувањето на профитните маржи на околу 70 основни прехранбени производи очекуваше нивните цени да се намалат за 10 отсто. Согласно одлуката на Владата, трговците требаше да ги обележат намалените производи со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“. аа/нд/

Фото: МИА

 

 

Остани поврзан