• сабота, 23 ноември 2024

Инспекторите засега само ги опоменуваат граѓаните во Струмичко за неисчистени оџаци

Инспекторите засега само ги опоменуваат граѓаните во Струмичко за неисчистени оџаци
Струмица, 27 октомври 2020 (МИА) - На почетокот на грејната сезона инспекторите засега само ги опоменуваат граѓаните кои не ги исчистиле оџаците, а доколку тоа не го направат следуваат и парични казни во висина до 500 евра во денарска противредност, но и кривични пријави, предупредува инспекторот Митко Димчев од Дирекцијата за заштита и спасување. -Согласно законските прописи, сите кои имаат оџаци се должни најмалку еднаш годишно да извршат чистење, без разлика дали тоа е на почетокот или по завршувањето на грејната сезона, а потреба и повеќе од еднаш. Има санкции со парични глоби, но може да се поднесат и кривични пријави заради загрозување на животот и здравјето на граѓаните, вели Димчев. Информира дека досега се извршени повеќе инспекциски надзори, а најголем дел од граѓаните ја сфаќаат сериозноста и вршат редовно чистење на оџаците. -Има и такви кои се уште не знаат дека секоја година треба да чистат, бидејќи во нив се собираат несогорливи честички, кои при поголема температура може да да се запалат. Имајќи предвид дека поголем број на објекти се постари може да дојде до запалување на објектот, потенцира Димчев. Според командирот на Територијалната против пожарна единица на Струмица, Александар Гудев, во текот на оваа година интервенирале 60 пати на гаснење на запалени оџаци. -Апелирам до граѓаните на општините Струмица, Ново Село, Василево и Босилово да го искористат периодот на суво и топло време и да извршат чистење на оџаците за да не дојде до поголеми последици, вели Гудев. Според него причини за запалување на оџакот се горење на мокро огревно дрво, пластични материјали и други несоодветни горива, кои создаваат несогорливи материи и при нивно горење доаѓа до самазапалување на оџакот што може да предизвика пожар на покривната конструкција и големи материјални штети. рт/аа/

Остани поврзан