Инсиње: Меси е најдобриот, но Марадона е светец за неаполитанците
- Напаѓачот на Наполи, Лоренцо Инсиње, зборуваше за напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, пред нивниот меѓусебен осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.

Неапол, 25 февруари 2020 (МИА) - Напаѓачот на Наполи, Лоренцо Инсиње, зборуваше за напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, пред нивниот меѓусебен осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.
-Меси во моментов е најдобриот играч на светот, но не можам да го споредувам со Марадона, затоа што за нас неаполитанците, Диего е светец, изјави Инсиње.
Натпреварот Наполи – Барселона се игра вечер со почеток од 21 часот. зс/