Инсиње сака да добие седум милиони евра за продолжување на договорот со Наполи
- Напаѓачот на Наполи, Лоренцо Инсиње може да го продолжи договорот со клубот, тврди новинарот Николо Шира.

Неапол, 10 ноември 2021 (МИА) - Напаѓачот на Наполи, Лоренцо Инсиње може да го продолжи договорот со клубот, тврди новинарот Николо Шира.
Според Шира, 30-годишниот Италијанец бара четиригодишен договор со плата од шест милиони евра и бонус за потпис од седум милиони евра.
Во исто време, раководството на „наполитанците“ не сака да плаќа повеќе од 4,6 милиони евра годишно. Тоа е сумата што сега ја добива играчот.
Во тековната сезона Инсиње за Наполи одигра 14 натпревари на кои постигна пет голови и четири асистенции. зс/