• понеделник, 23 декември 2024

Иниеста стана сопственик на дански третолигаш

Иниеста стана сопственик на дански третолигаш

Копенхаген, 14 ноември 2024 (МИА) - Поранешниот фудбалер на Барселона, Андрес Иниеста објави дека тој и неговата компанија „Никогаш не кажувај никогаш“ (NSN) го купиле данскиот фудбалски клуб Хелсингер.

Клубот е основан во 2005 година. Екипата своите домашни натпревари ги игра на „Хелсингер Стадион“ со вкупен капацитет од повеќе од 4.000 гледачи.

Во моментов Хелсингер игра во третата по квалитет лига во Данска. Во сезоната 2017/18 учествуваше во данската Супер лига.

-Фудбалот и спортот воопшто се она што ни се допаѓа. Тоа што го кажуваат е многу позитивно. Уверен сум дека можам да му се приклучам на клубот и да се обидам да го донесам целото наше искуство стекнато во различни услови и да се обидам да го развивам и подобрувам клубот, изјави Иниеста за „Sport TV2“.

Иниеста се повлече од играњето во октомври оваа година на 40-годишна возраст. Неговиот последен клуб беше Емирати од ОАЕ.

Како дел од Барселона, Шпанецот девет пати стана шампион на Шпанија, шест пати го освои Купот на Шпанија и четири пати ја освои Лигата на шампионите. Тој е и светски шампион и двократен европски шампион. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан