• недела, 28 јули 2024

Инзаги по поразот од Болоња: Сакавме четвртфинале но не успеавме

Инзаги по поразот од Болоња: Сакавме четвртфинале но не успеавме

Милано, 21 декември 2023 (МИА) - Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, ги искажа своите впечатоци по синоќешниот пораз од Болоња во осминафиналето од Купот на Италија.

Миланскиот клуб загуби на свој терен со 2:1 по продолженија, иако прв дојде во водство. Сите три гола беа постигнати во дополнителните 30 минути.

- Можам само да ги критикувам моите фудбалери за играта во последните 15 минути од натпреварот. До тогаш одигравме одличен натпревар. Момците се незадоволни, сакавме четвртфинале, но не успеавме, изјави Инзаги.

Во 65. минута еден од најдобрите фудбалери на Интер, Лаутаро Мартинез промаши пенал, а во првото продолжение се повреди и беше заменет.

Болоња во четвртфиналето ќе игра против Фиорентина. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан