Инзаги: Интер е во полуфиналето на ЛШ, па не би рекол дека сега сме во тежок период
- Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ги сподели своите очекувања за првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Барселона.

Барселона, 30 април 2025 (МИА) - Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ги сподели своите очекувања за првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Барселона.
- Интер е во полуфиналето на Лигата на шампионите, па не би рекол дека сега сме во тежок период. Сите со нетрпение го очекуваме натпреварот, предизвикуваме еден од најдобрите тимови во светот и еден од најофанзивните тимови. Ќе има моменти кога ќе треба да бидеме трпеливи. Технички треба да играме беспрекорно.
Барселона е тим кој е добро граден со текот на времето. Таа има се да игра на највисоко ниво. Ханси Флик одлично го води процесот, како што направи во Баерн и германската репрезентација. Треба да им се честита и за одличната работа што ја прават со младите. Големите таленти растат во нивната академија. Ламин Јамал е уникатен фудбалер. Тој игра добро индивидуално и е многу корисен за тимот, изјави Инзаги во пресрет на дуелот со Каталонците.
Првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите Барселона – Интер ќе се одигра вечер со почеток во 21 часот.
Интер на гостувањето кај Барселона оди со три порази по ред, па домаќините се фаворити на овој натпревар. зс/
Фото: ЕПА