Инзаги за победата над Аталанта: Убаво е да се гледаше како игра Интер
- Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ги пофали своите фудбалери за прикажаното на натпреварот од 29. коло од Италијанското првенство против Аталанта.

Бергамо, 17 март 2025 (МИА) - Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ги пофали своите фудбалери за прикажаното на натпреварот од 29. коло од Италијанското првенство против Аталанта.
Интер во Бергамо славеше победа со 2:0, нанесувајќи го петтиот пораз на Аталанта оваа сезона.
- Слушам многу дебати и прогнози. Интер можеби нема да освои ништо, тоа е спорт. Ние сме среќни што имаме можност да играме на многу турнири. Вечерва заслужено победивме и ќе продолжиме во истиот дух. Убаво беше да се гледа како игра Интер, изјави Инзаги по натпреварот.
По овој натпревар, Интер е на првото место на првенствената табела со 64 бодови, додека Аталанта е на третото место со 58 бодови. зс/
Фото. ЕПА