• сабота, 23 ноември 2024

Инженерски единици од САД ќе пристигнат на Криволак за меѓународната вежба „Одлучен удар 21"

Инженерски единици од САД ќе пристигнат на Криволак за меѓународната вежба „Одлучен удар 21
Скопје, 9 февруари 2021 (МИА) - На денешната седница Владата донесе одлука за влегување на инженерски единици на вооружените сили на Соединетите Американски Држави на територијата на Република Северна Македонија, со цел изведување на подготовки за меѓународна вежбовна активност „Одлучен удар 21“, која ќе се одржи на армискиот полигон Криволак. Припадниците на 15-тиот инженерски баталјон од американските сили во Европа треба да пристигнат во нашата земја во текот на овој месец и заедно со инжинерците на Армијата на РСМ ќе работат на подобрување на инфраструктурата на полигонот Криволак, кој е наш најголем вежбовен капацитет и воедно капацитет на НАТО. Подготовките на Криволак се вршат во пресрет на вежбата „Одлучен удар 21“ која ќе се одржи на крајот на пролетва, како дел од серијата вежби „Defender Europe 21“ („Бранител Европа 21“), на која учество ќе земат над 2.000 војници на армиите на Северна Македонија, САД, Бугарија и на Грција. вг/лв/

Остани поврзан