• вторник, 24 декември 2024

Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг

Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг

Џакарта, 3 мај 2024 (МИА) - Индонезиската Влада трајно ќе ги пресели сите жители на островот Руанг, откако серијата ерупции на истоимениот вулкан предизвикаа загриженост поради опасноста од престој во иднина на истоимениот остров, соопшти денеска министерот за координација на хуманиот развој, Мухаџир Ефенди.

Околу 9.800 луѓе живеат на островот Руанг, во провинцијата Северен Сулавеси, но сите беа принудени да се евакуираат во последните неколку недели поради серија ерупции.

Властите ја подигнаа тревогата на највисоко ниво оваа недела, затворајќи го провинцискиот аеродром во Манадо и предупредувајќи за можно цунами доколку делови од планината се урнат во околните води. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан