• среда, 19 март 2025

Индија би можела да биде домаќин на италијанскиот Суперкуп

Индија би можела да биде домаќин на италијанскиот Суперкуп

Њу Делхи, 18 март 2025 (МИА) - Серија „А“ би можела да ја смета Индија како потенцијален домаќин на италијанскиот Суперкуп во обид да ја прошири глобалната публика на турнирот, изјави директорот за продажба и маркетинг на италијанската лига, Микеле Чикарезе.

Натпреварот, кој се игра меѓу победниците и вицешампионите од претходната сезона во лигата и Купот на Италија, се одржа во Саудиска Арабија во јануари, каде Милан го победи Интер со 3-2 и го освои трофејот по осми пат.

-Она што го правиме е да донесеме трофеј како Суперкупот низ светот од едноставна причина да ангажираме поширока публика и да го донесеме најдоброто од оваа култура. Значи, токму тоа можеме да го направиме и да продолжиме со разговорот за да дојдеме да играме во Индија, изјави Чикарезе.

Кандидатурата на Индија да биде домаќин на Олимписките игри во 2036 година е обид да се позиционира земјата како глобален спортски центар.

Тој посочи дека влијанието на индиското првенство во крикет натпреварување може да ја промовира земјата и да го привлече вниманието кон достигнувањата на другите спортови, повлекувајќи паралели со проектот „произведено во Италија“.

-Произведено во Италија е начинот на кој се ангажиравме со сите 20 клубови од Серија „А“ и секој клуб обезбедува еден од важните играчи за да го промовира не само градот туку и клубовите, територијата, синџирот на производство и се што го опкружува тој клуб, додаде Микеле Чикарезе. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан