• сабота, 23 ноември 2024

Индијана ќе му ја понуди тренерската функција на Мајк Д'Антони

Индијана ќе му ја понуди тренерската функција на Мајк Д'Антони
Вашингтон, 26 август 2020 (МИА) – Управата на НБА клубоѕт Индијана пејсерс ќе го покани Мајк Д’Антони да седне на тренерското место, доколку тој го напушти Хјустон рокетс, објави инсајдерот на ЕСПН Адријан Војнаровски. Договорот на Д’Антони со „Ракетите“ истекува на крајот на сезоната 2019/20. Забележано е дека Пејсерси ќе бараат и тренер меѓу кандидатите кои се сметаат во лигата како специјалисти на долг рок. Индијана денес го разреши тренерот Нејт Мекмилан, кој го води клубот од 2016 година. зс/

Остани поврзан