• среда, 27 ноември 2024

Индиската армија соопшти дека 20 нејзини припадници загинале во судир со кинески војници

Индиската армија соопшти дека 20 нејзини припадници загинале во судир со кинески војници
Њу Делхи, 16 јуни 2020 (МИА) - Индиската војска  денеска  објави дека 20 нејзини војници биле убиени во судирите со кинеските сили во спорното погранично подрачје во северна Индија, што е прв судир со жртви на нивната граница во децении. Индиската армија првично соопшти дека тројца нејзини војници се убиени, но подоцна објави дека уште 17 војници им подлегнале на повредите. Кина ги обвини индиските сили за извршување провокативни напади врз нејзините трупи и не соопшти дали е убиен некој од нејзините војници. Индиското МНР соопшти дека жртви имало на двете страни. Според неименуван извор од индиската Влада, војниците се судриле со железни шипки и камења, без да бидат испукани куршуми. Тоа е прв конфликт помеѓу двата азиски гиганти од 1975 година. Спорната граница зафаќа речиси 3.500 километри. зш/

Остани поврзан