• сабота, 16 ноември 2024

Индипендент: Поголем број граѓани на САД не знаат каде се наоѓа Иран

Индипендент: Поголем број граѓани на САД не знаат каде се наоѓа Иран
Вашингтон, 9 јануари 2020 (МИА) - Британскиот весник „Индипендент“ спроведе анкета со која се бара од американски граѓани да го обележат Иран на нема карта. Повеќето од анкетираните не успеале да го покажат Иран, но неколкумина биле многу блиску. - Иако не знаеја каде се наоѓа, некои од нив рекоа дека се залагаат за војна со Иран, наведува „Индипендент“. Некои испитаници не знаеле ниту дека има тензии на Блискиот исток. паг/  

Остани поврзан