• понеделник, 23 декември 2024

Индексот на квалитетот на воздухот во Индија надмина 1.000, во Пенџаб воведен и полициски час

Индексот на квалитетот на воздухот во Индија надмина 1.000, во Пенџаб воведен и полициски час

Њу Делхи, 13 ноември 2024 (МИА) – Новиот бран загадување во Њу Делхи утринава достигна алармантни нивоа со индексот на квалитетот на воздухот над 1.000, соопшти швајцарската компанија за мерење на квалитетот на воздухот IQAir.

Загадувањето ја намали видливоста во многу делови од градот, додека ситуацијата на аеродромите стана критична, со можни доцнења на летовите.

Според IQAir, концентрацијата на PM2.5 честичките, кои се толку мали што можат да навлезат во човечките бели дробови и да предизвикаат сериозни болести, е 120 пати поголема од препорачаните нивоа на Светската здравствена организација.

Индиската метеоролошка служба соопшти дека загадувањето и маглата ја намалиле видливоста во некои делови на Њу Делхи.

Метеоролозите сметаат дека смогот најверојатно ќе продолжи да ја влошува состојбата, бидејќи сончевите зраци нема да можат да се пробијат низ густата магла.

Во пакистанската провинција Пенџаб, која граничи со Индија, властите ги затворија училиштата, воведоа полициски час и наредија некои продавници и трговски центри да се затворат порано за да се намали влијанието на загадувањето. јт/

Остани поврзан