• среда, 27 ноември 2024

„Инвестираме во знаење – помагаме на планетата“ по повод Денот на планетата Земја

„Инвестираме во знаење – помагаме на планетата“ по повод Денот на планетата Земја

Скопје, 20 април 2023 (МИА) - По повод Денот на планетата Земја, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП)  денеска во Скопје организира настан „Инвестираме во знаење – помагаме на планетата“.
 
Како што информираат од МЖСПП, настанот ќе го отварат министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, в.д амбасадорот на САД Ерик Мејер и заменик координаторката на ГЛОБЕ Македонија Ана Димишкова.

На настанот ќе учестваат 18 училишта од целата држава, вклучени во ГЛОБЕ програмата. Учениците, предводени од нивните професори ќе изведат практична демонстрација на унифицирани ГЛОБЕ протоколи за следење на квалитетот и промените во животната средина и ќе може да се проследи и изложба на ГЛОБЕ постери на училиштата. фф/лв/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан