• недела, 22 декември 2024

Инауграцијата на Бајден и парадата посетени само од безбедносните служби и новинарите

Инауграцијата на Бајден и парадата посетени само од безбедносните служби и новинарите
Вашингтон, 20 јануари 2021 (МИА)- И покрај бројните бариери и огради на улиците околу американскиот Капитолот, многумина се обидоа да пристигнат на инаугурацијата на Џо Бајден денеска во престолнината на САД и подоцнежната парада. Контролни пунктови и заштитни огради го попречуваа патот до Националното шеталиште. Некој од обезбедувањето укажа дека на почетокот на авенијата Пенсилванија, се наоѓа единствен пункт за влез. Дописникот на МИА од САД се обиде да се пробие до таа точка, но беше пречекен од бариери изградени од метални рамки и мрежа, и контролен пункт каде група на минувачи, некои пешки, некој со велосипеди, се обидуваа да поминат. Редот стануваше се подолг. Церемонијата веќе започна, па многумина, забележливо разочарани, беа оставени да го следат настанот на нивните телефони. Можеби половина час подоцна, некои контролни пунктови започнаа да пропуштаат минувачи, пред да ги претресат. Слично беше и со парадата по повод инаугурацијата, кога конвојот се движеше споро по Пенсилванија авенијата од Капитолот кон Белата куќа, со претседателот во претседателската лимузина, наречена „д бист“. Настанот, обично дочекан и поздравуван од илјадници граѓани кои според традицијата му нудат разни мали подароци на претседателот, со повокот „мистер президент“, сега беше посетен само од безбедносните служби и новинарите, единствените кои во живо ја следеа парадата. Претходно, дописникот на МИА имаше прилика да поразговара со средовечен жител на Мичиген, кој дошол во посета на својата ќерка во Лизбург, Вирџинија, и со негов роднина, одлучил да оди на инаугарцијата. Искажа индигнација кон денешниот настан, и со прашањето „а што ти мислиш дали, Трамп победи или изгуби“, укажува дека е поддржувач на сега веќе бившиот претседател Доналд Трамп. Во текот на потрагата по место од каде подобро би можело да се види ако не самата церемонија, барем зградата на Капитолот, беше забележливо раздвижување на безбеднните служби. Конвои од автобуси на маринците, на Воено-морската академија или на Воено-воздушните сили, се преместуваа по улиците на Вашингтон. Оклопни возила и камиони на Националната гарда беа распоредене по крстосниците или на тревниците. Редица од црни дипломатски возила долга стотици метри ги очекуваа нивните шефови Сообраќајот во центарот на Вашингтон беше во целосен прекин, и ретките автомобилисти тоа го дознаваа откако беа враќани назад. Додека траеше говорот на Бајден, кој се слушаше од телефоните на ретките минувачи, улиците на градот остануваа морничаво тивки и празни. кб/

Остани поврзан