• сабота, 23 ноември 2024

„Имиња” на Јане Спасиќ на 45. фестивал „Синемед“

„Имиња” на Јане Спасиќ на 45. фестивал „Синемед“

Скопје, 21 октомври 2023 (МИА) - Краткометражниот игран филм „Имиња” е избран во официјалната селекција на 45. Меѓународен медитерански филмски фестивал Синемед во Монпелје, Франција, што ќе се одржи од 20 до 28 октомври. 

Филмот ќе има две проекции, на 23 и 27 октомври, а по проекцијата на 27-ми ќе следува и разговор со режисерот Јане Спасиќ. 

Филмот ќе се натпреварува за четири награди: Гран при, наградата Canal+, наградата на публиката и наградата на младото жири. (Grand Prize, Canal+ Prize, Audience Prize and Young Jury Prize).

„Имиња” се снимаше во 2022 година, во продукција на Арт проект лаб Скопје, со поддршка на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, а домашната премиера на филмот се одржа во рамките на 22-то издание на СИНЕДЕЈС фестивалот во Скопје. 

Во филмот главните улоги ги играат Драгана Костадиновска, Јаков Павлов, Георгиј Негриевски и Петар Царановиќ. Во епизодните улоги се појавуваат актерите Тамара Ристоска, Златко Митрески и Ангела Стојановска.

Директор на фотографија е Дејан Димески, сценографи се Срѓан Митровиќ и Михаил Пaнев, костимограф e Раде Василев, шминка и фризура Жанета Димитриевска, дизајнот на звук е на Дарко Спасовски, а монтажер е Горјан Атанасов. Продуцент на филмот е Емилија Чочкова, која е и ко –сценарист заедно со Саше Тасев и Огнен Георгиевски. мч/дма/

 

Фото: Плакат

Остани поврзан