• понеделник, 23 декември 2024

Има таков народ на Трифонов најави придружување кон Европските конзервативци и реформисти 

Има таков народ на Трифонов најави придружување кон Европските конзервативци и реформисти 

Брисел, 4 декември 2023 (МИА) – Бугарската популистичка партија Има таков народ (ИТН) на Слави Трифонов најави дека има намера да се приклучи кон групацијата на национал-конзервативни и десничарски партии Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР). 

- Нашата главна улога на европските избори ќе биде да се бориме против евроскептицизмот со објаснување дека колку повеќе конзервативни претставници има во ЕУ, толку состојбата ќе биде понормална, изјави координаторот на пратеничката група на ИТН во бугарското Собрание, Тошко Јорданов. 

Според Јорданов, логично е ИТН да се приклучи на ЕЦР, бидејќи „конзервативизмот е идеологија на здравиот разум“. 

- Здравиот разум вели дека треба да има слобода на економијата. Здравиот разум вели дека семејството треба да се состои од маж и жена и дека вашата сексуална ориентација не треба да ви дава предност пред другите. Интересно е што здравиот разум на Балканот е поголем од здравиот разум на Западот, изјави Јорданов. 

Според анкетите на јавното мислење, се очекува ИТН на изборите за европратеници во јуни следната година да освои околу пет отсто од гласовите и најмалку едно од 17-те бугарски мандати во Европскиот парламент. сп/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан