Имамоглу суспендиран од функцијата градоначалник на Истанбул
- Турскиот опозициски политичар Екрем Имамоглу е „привремено“ суспендиран од функцијата градоначалник на Истанбул, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Турција.

Истанбул, 23 март 2025 (МИА) - Турскиот опозициски политичар Екрем Имамоглу е „привремено“ суспендиран од функцијата градоначалник на Истанбул, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Турција.
Тој беше приведен во средата, неколку дена пред да биде номиниран за претседателски кандидат на најголемата турска опозициска Републиканска народна партија, пренесува ДПА.
Имамоглу, водечка опозициска фигура и главен предизвикувач на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на изборите во 2028 година, формално беше уапсен денеска, откако судот му одреди истражен притвор под обвинение за корупција.
Случајот предизвика демонстрации во поголемите турски градови и ја зголеми загриженоста за демократско назадување во Турција.
Екрем Имамоглу, кој беше избран за градоначалник на Истанбул во 2019 година, ги негира обвинувањата и вели дека тие се политички мотивирани.
Турските медиуми објавија дека Општинскиот совет на Истанбул во кој мнозинство има Републиканска народна партија, треба да избере приврмен градоначалник кој ќе го замени Имамоглу, на 26 март.
Во случај, пак, Имамоглу да биде осуден, турскиот закон им дозволува на властите да го заменат на градоналничкото место со свој функционер.са/
Фото: ЕПА